Членките на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија бараат враќање на ДДВ-то од страна на владините институции и итно враќање на државниот долг кон компаниите преку преземање на долгот од страна на комерцијалните банки.
Во анти-кризните мерки е и предлогот како подмирувачи на долговите да се појават банките, а државата во име на државни записи или кој било начин да даде гаранција за вратениот долг.
„ Се наоѓаме пред тешка ситуација која може да кулминира и затоа бараме излез од неа. Со невраќањето на ДДВ-то се ставаме пред свршен чин и се доведува во прашање нашиот извоз. Покачувањето на ДДВ-то е едно од болните решенија, меѓутоа, сепак, е решение“, рече претседателот на Комората, Мендерес Кучи.
Бизнисмените инсистираат и на олеснување на царинските процедури и поедноставување на процедурите за добивање концесии и давање мислења од владините институции, како и создавање поедноставен механизам за спроведување на принципот „молчењето е одобрување“.