Друштвото на ликовни уметници на Македонија спроведуваат своја хуманитарна акција за собирање на донации за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Друштвото до своите членови упати апел да ги донираат своите дела, во него се вели:
„По повод природните неприлики кои се случуваат во земјите од соседството, Ве информираме дека Друштвото на ликовни уметници на Македонија, организира акција за донирање на уметнички дела.
Уметниците кои се заинтересирани да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат дела (без финансиски надомест) Делата треба да бидат испратени на маилот на ДЛУМ [email protected] најдоцна до (среда) 21 мај. Пропратно со делата да бидат наведени податоците за авторот и легенда за делото“, се вели во соопштението на ДЛУМ.
А.Б.