Фудбалерите на Хамбургер изборија опстанок во Бундес лигата откако вечерва во реваншот од баражот со Гројтер Фурт одиграа нерешено 1:1 на гостински терен. На првиот дуел резултатот беше 0:0.
Хамбургер поведе со голот на Пјер Михаел Ласога во 12. минута по асистенцијата на Рафаел Ван дер Варт. Домашната екипа изедначи во 59. минута со голот на Стефан Фурстнер, но не успеа да стигне до победата.
Ова е голем успех за тимот на Хамбургер затоа што и по 51 година остана дел од Бундес лигата. Тие се единствениот тим што никогаш не испаднал од Бундес лигата.