Македонската општина Пустец во Албанија го задржува тој статус. Но, таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци.
Тие со сите пет варијанти кои се предлагаат од владата, се предлага припојување кон други општини.
– Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа на престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини,изјави Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присувуваше на седница на комисијата.
Според Стерјовски, во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули парламентот ќе гласа за новата територијална реформа.
Во овој период, нагласува тој, ќе дадеме максимум и ќе ги искористиме сите законски процедури и да издејствуваме општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област.
Република Албанија спроведува реформа на локалната самоуправа, со цел да се намали бројот на општините.