Заврши новата рунда преговори за иранската нуклеарна програма

Од:

Во Виена денеска заврши новата рунда преговори меѓу Иран и постојаните земји-членки на Советот на Безбедност на ОН и Германија посветени на нуклеарната програма на Техеран.

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зафир по состанокот не одржаа прес-конференција, како што беше пракса по претходните средби.

Претставници на Техеран и на „шесторката“ од вторникот преговараа за решавање на конфликтот за иранската нуклеарна програма.

Пред средбата во Виена беше најавано дека ќе се разгледува изработката на предлогот за конечниот договор.

Главни теми на преговорите во Виена беа збогатувањето на ураниум и реакторот за тешка вода во Арак.

Би можело да ве интересира

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на нуклеарните централи до пролет

Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна

Скен : Ќе ѕвечат нуклеарки во Европа – ни тропа ли трета светска војна на врата?

Анита Петровска Рајковиќ

Франција со план за изградба на шест нуклеарки

Доаѓа ли крајот на атомската енергетика?

Ана Ололовска

Властите на нордиски држави соопштија за зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа

Ана Ололовска