Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, на места и значително облачно.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 23 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 33 степени.
Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени.