Екипата на Севиља во своето трето финале синоќа успеа да го освои и третиот пехар во европските натпреварувања. Шпанскиот тим во финалето од Лига Европа беше поуспешен од португалска Бенфика по изведувањето на пеналите.
Во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0, а истиот резултат беше и по дополнителните 30 минути, иако и двете екипи имаа шанси за постигнување на голови. По изведувањето на пеналите Севиља славеше со 4:2.
Головите за победникот ги постигнаа: Бака, Мбиа, Коке и Ганиеро, додека за поразениот тим стрелци беа: Лима и Луисао.
Непрецизни во изведувањето на пеналите беа Кардозо и Родриго кај Бенфика.
Севиља првите два пехари ги освои во 2006 и 2007 година.
Бенфика, која и лани беше финалист во ова натпреварување остана со два пехара (Куп на шампионите), но ја продолжи лошата серија и во осмото европско финале не успева да победи.