СЗО: Се уште е рано да се објави глобална тревога поради МЕРС

Од:

Стравувањата од ширење на вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) се значително зголемени, но болеста се уште не може да се прогласи за „серизона меѓународна закана за јавното здравје“, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Комисијата за вонредни состојби на СЗО на денешниот состанок во Лондон ја разгледува ситуацијата и одлучува дали поради бројот на заболени од МЕРС во Саудиска Арабија и проширувањето на вирусот низ светот, тој претставува меѓународна закана.

Вирусот предизвикува кашлање, треска, а често и пневмонија. Од МЕРС се заразени над 500 луѓе само во Саудиска Арабија, а вирусот се шири и кон соседните држави. Одделни случаи на МЕРС се регистрирани и во Европа и во Азија. Околу 30 проценти од случаите завршуваат со смрт.

Холандските здравствени власти соопштија дека еден маж, кој претстојувал во Саудиска Арабија, денеска е хоспитализиран во Хаг со симптоми на МЕРС.

Тоа е прв случај на МЕРС во Холандија.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа