Двајца загинати при несреќа во рудник во Западна Вирџинија

Од:

Двајца рудари загинаа при одрон во рудник за јаглен во американската сојузна држава Западна Вирџинија, соопшти денеска Федералната администрација за рударска безбедност и здравје.

Инцидентот се случил вчера околу 20 часот по локално време (денеска два часот под средноевропско време). Телата на загинатите рудари се извадени на површината од Земјата.

Рудникот „Броди 1“ во округот Бун е сопственост на компанија од Сент Луис, Мисури. Во октомври минатата година Агенцијата за безбедност го прогласи рудникот за редовен прекршител на федералните правила за здравје и безбедност при работа во 2013 година.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски