Тодоров и Јанакиески ги посетија повредените во велешката болница

Од:

Министрите за здравство Никола Тодоров и за транспрот и врски Миле Јанакиески попладнево ги посетија повредените патници во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Штип-Велес, кај бензиската пумпа „Мики петрол“.

Директорот на велешката болница д-р Атанас Василев, заедно со лекарскиот и другиот медицински тим на хируршкото одделение на Градската болница во Велес, ги запознаа Тодоров и Јанакиески со општата состојба на повредените пациенти.

Министерот Тодоров ја посети и бремената жена, која беше една од повредените, а е сместена на Гинеколошко акушерското одделение при Велешката болница.

Тодоров информира дека во велешката болница од повредените вкупно 32-ца, биле хоспитализирани првично 16 пациенти. Од нив, тројца веднаш биле пуштени на домашно лекување, а тројца заради сериозноста на повредите биле испратени во Ургентниот центар при хируршките клиники во Скопје.

– Уште една пациентка со скршен скочен зглоб, а со компликации на респираторниот систем поради компликација на повредата сега веднаш ќе биде испратена на понатамошно лекување во скопските клиники. Тука е хоспитализирана и една бремена жена која според информацијата од лекарите е во добра општа состојба, истакна Тодоров.

На новинарско прашање за вкупниот број на повредени, министерот Тодоров информира дека во сообраќајната несреќа имало 32 повредени.

– Од нив 16 веднаш биле згрижени на лекување во штипската болница, а 16 во велешката болница. Во несреќата брза реакција имало од лекарски екипи од Здравствениот дом од Свети Николе, од Клиничката болница во Штип, од Здравствениот дом во Штип и Кочани. Пациентите се прферлени во штипската и велешката болница. Од нив шест пациенти веднаш се префрлени во Скопје, а сега уште еден пациент од велешката болница ќе се префрли на лекување во скопските клиники. Од тие шест пациенти што се првично транспортирани за Скопје пет се во потешка состојба и се префрлени на Карил клиниката за интензивно лекување и реанимација, на неврохирургија и на трауматологија. Сега ќе одам во посета на скопските клиники, изјави Тодоров.

Д-р Атанас Василев, директор на велешката болница изјави дека од пациентите кои се хоспитализирани во нашата болница има една пациентка од Струмица која е бремена, но оти нејзе виталните параметри не и се загрозени и нема крварење. – Има слаби болки во половината, но таа е во општа добра состојба. Останатите пациенти се со полесни телесни повреди, освен една пациентка која е со две скршени ребра, а другата која е со скршен скочен зглоб. Поради компликации во респираторнот систем со одлука на министерот Тодоров веднаш ќе биде префрлена за Скопје, рече Василев и додаде дека останатите пациенти се со добри витални параметри и не се животно загрозени.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата