Лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски, во писмено соопштение денеска ја информираше јавноста дека се повлекува од политиката и од функцијата претседател на Партијата за европска иднина.
„Одлуката ја носам како морален чин, а е израз на лошите изборни резултати што Партијата за европска иднина ги постигна на последните парламентарни избори“, напиша тој.
Цаноски им се заблагодари на сите досегашни поддржувачи на политиките на ПЕИ. До свикување на наредниот конгрес, со ПЕИ ќе раководат партиските тела и органи согласно статутот на партијата.