Продолжува градењето на плоштадот Скендербег во Старата чаршија.
Општина Чаир ќе потроши 26 милиони и 986 илјади денари или 438 806 илјади евра за архитектонски и инженерски услуги, просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги, за технички испитувања и анализа Според податоците од Бирото за јавни набавки Општина Чаир договорот од близу 440 илјади евра го склучила со Друштво за градежништво и услуги „Урбан стил инженеринг ДООЕЛ Скопје“.
Фирмата ќе треба да го подготви основниот проект во рок од пет месеци, врз основа на веќе изработеното идејно решение на архитектите од „Архинг Груп“.
Локалните власти од Чаир во изјава за телевизија „Алсат“ најавија дека премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет ќе стартува во јуни годинава, за што веќе се добиени финансиски средства од државниот буџет и дадена е согласност од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.
Втората и третата фаза на изградбата на плоштадот „Скендербег“ ја опфаќа пешачката површина и ќе се продолжи на паркинг просторот пред стоковната куќа „Илинден“, на запад ќе граничи со стоковната куќа „Мост“, на југ со Даут Пашиниот Амам, а на исток со раскрсницата меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Стив Наумов.
Површината на мостот кој ќе се издигне над булеварот ќе биде со површина од 8.000 метри квадратни, а површината на платото пред „Илинден“ ќе биде околу 14.000 метри квадратни. Овој проект треба да ги поврзе Општина Чаир и Општина Центар, Инаку фирмата што во 2012 го градеше плоштадот „Скендербег“ австриската компанија „Алпине Бау“, прогласи банкрот, додека управителот на втората фирма поврзана со „Скендербег“, „Интернешенел инвестмент груп“, бугарскиот бизнисмен со иницијали Љ.П., беше уапсен под сомнение дека направил криминал тежок 455 илјади евра.
А.Б.