АМС со поддршка до одбојкарската репрезентација

Од:

На денешната средба со претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) Петар Јовановски и генералниот секретар Зоран Карановиќ,  директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески даде целосна поддршка кон решавање на проблемот на македобнската експедиција со транспортот до Полска.

Поради техничките проблеми со кои се соочува ОФМ, беше побарана помош од АМС во насока во делот на логистика за репрезентацијата. Јовановски исткана дека овој горлив проблем во моментот претставува препрека за понатамошното продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство и се заблагодарија на директорот Спасески за експедитивната реакција и заложба за решавање на овој проблем.

Спасески истакна дека натпреварите на секоја репрезентација се од големо значење за државата и дека секогаш ќе претставуваат приоритет за АМС зошто ја презентираат Македонија на меѓународно поле. На средбата беше разгледувана опцијата за авионски превоз за репрезентативците, но според челниците на ОФМ, авионски превоз не одел во прилог на експедицијата, бидејќи нема директна комуникација со Вроцлав и со три прелети патувањето би траело 15 часа.

Поаѓајќи од тие аспекти, АМС пристапи кон решавање на проблемот и обезбеди комфорен транспорт за репрезентативците за настапите на квалификациите.

По контактите на директорот Спасески со раководството на РК Вардар, ракометниот клуб го отстапи автобусот на користење на одбојкарската репрезентација за квалификациите за ЕП и со тоа уште еднаш го покажа вистинското лице на реномиран клуб од европска класа.

На состанокот, од страна на челните луѓе од ОФМ беше потенцирано отсуството за директно вклучување на бизнис секторот за поддршка на овој спорт во Македонија.

Директорот Спасески додаде дека АМС и покрај тоа што секоја година издвојува финансиски средства од Буџетот за реализација на годишната програма за работа на ОФМ, недостасува и потребно е вклучување на бизнис заедницата за развој на одбојката во Македонија.

Инаку, по одличните резултати и победи на македонската одбојкарска репрезентација против репрезентациите на Шведска, Азербејџан и Грузија, репрезентацијата продолжува во следниот круг квалификации по групи за пласман на Европското првенство во Италија и Бугарија.

Во група А, Македонија ќе игра против Полска, Словенија и Летонија. Првите натпревари се играат во Вроцлав (Полска) од 16-18 мај и во Љубљана (Словенија) од 23-25 мај.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина