„Иако не е вешт говорник и поради тоа избегнува соочувања со политичките противници на телевизија, иако не поседува некоја посебна харизма, иако бедата во Македонија е се поголема, премиерот Никола Груевски веќе осум години суверено владее со Македонија. Отпорен е на обвиненијата на опозицијата дека манипулира со трагикомичниот гласачки список, дека неговата ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува државната администрација и буџетските средства, дека купува гласови и контролира медиуми, дека проектира слика на надворениш и внатрешни непријатели, дека создава нов национален идентитет, дека има корупција. Груевски станува своевиден регионален феномен“.
На овој начин е претставен премиерот Никола Груевски во белградскиот весник „Време“, во чија статија се анализираат предвремените парламентарни избори и претседателските избори, но и како Груевски успева да остане на власт во „сиромашната Македонија“.
Десет дена по вториот круг на претседателски избори и предвремени парламентари избори, кога етничките македонски опозициски партии и една етничка албанска партија не ги признаваат резултатите и ги враќаат мандатите кои ги освоиле во Собранието, се уште не се знае кој е крив за срамот и хаосот во избирачкиот список – ДИК или МВР.
Во држава во која со години не е спроведен попис на населението според европски стандарди, секој изборен циклус согласно демократските стандарди е осуден на неуспех. Последниот попис на населението е откажан поради стравот кај албанската и македонската владејача елита дека неговото спроведување ќе ги затресе темелите на владата. А, без попис, избирачкиот список не може да се исчисти од „мртвите души“ и многубројните иселени лица, чии број, според последните податици на Светска банка, само во изминатите години ја помина бројката од 400.000.
Тоа што во малата Македонија со два милиони жители, на последните избори право на глас имаа 1,78 милиони граѓани, најдобро покажува во каква „зона на самракот“ Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ по деветти пат од 2006 – та година наваму ги победуваат опозициските социјалдемократи на Зоран Заев.
Во Собранието од 123 пратеници, ВМРО – ДПМНЕ освои 61 мандат, СДСМ – 34, албанските партии ДУИ и ДПА – 19, односно 7, а малите партии ГРОМ и НДП по еден пратеник. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ победи на претседателските избори.
Македонците живеат вечно
Но, како што забележува еден колумнист, овие резултати се постигнати врз основа на избирачкиот список во кој се запишани 200 илјади луѓе помалку од вкупниот број на население, што значи дека во луѓето во Македонија едноставно не умираат. Тоа и овозможува на актуелната власт невиден изборен инженеринг. Со исти заклучоци настапија и набљудувачите на Канцеларијата за демократската институција и човекови права ОБСЕ, чиј шеф Герт Аренс изјави дека „изборите не исполнија некои важни очекувања на ОБСЕ, вклучувајќи ги оние за неодвоеноста на државата од партијата, за обезбедување на рамноправен изборен натпревар, за избирачкиот список и за можностите за правен лек преку ефективна жалбена постапка, што фрли дамка на изборниот ден кој помина мирно“.
Охрабрена со такви оцени за нерегуларности на изборите, кои се поклопуваат со нејзините, опозицијата ги отфрла изборните резултати и бара нови избори во организација на техничка влада. Преку овие избори, граѓаните ќе ја вратат контролата во свои раце и ќе изберат власт по сопствена волја, без притисок, уцени и купување гласови. И покрај вишокот од неколкју стоитина илјади гласачи во „сивата и матна зона на избирачкиот список“, на изборите имаше се’ и сешто: од апсолутна партизација на целокупниот државен апарат (кој е најголем огласувач во земјата, со што власта „милом или силом“ ја ангажира комплетната администрација, но и сите буџетски корисници, од просветните работници, војската, полицијата, па се до здравствените работници) и строго контролирани медиуми во служба на владејаќката партија ВМРО – ДПМНЕ преку огромно предизборно трошење на буџетски пари за купување на гласови и бројни поволности за илјадници пензионери (бесплатен превоз, посета на бањи, па дури и дневни карти за скијање), до неверојатни ветувања за некакво идно враќање на долгови на сите социјално загрозени семејства, но и на оние семејства кои постабилно се држат во сиромашната Македонија. Старо – новата влас изборите ги оцени како „скандинавски“.
Наведната глава сабја не ја сече
По изборниот галиматијас, опозицијата (СДСМ, ЛДП, НСДП и албанската НДП) реши да го препушти Собранието на досегашната власт. Премиерот Груевски лаконски изјави дека ваквата одлука е штетна за државата и партијата која ја донела, надевајќи се дека опозицијата ќе ја преиспита одлуката и ќе го промени својот став. Без оглед на расплетот на ситуацијата, суштинското прашање како некогашниот боксер и театарски статист Никола Груевскија дотера кревката македонска демократија до технички нокаут ингорирајќи ги и меѓународните судии во македонскиот политички ринг.
Работата на Груевски му ја олесни и опозицијата, која со години е грогирана и поделена со внатрешните борби. Во меѓувреме, Груевски ја поистовети државата со својата партија, заведе терор во кој легенди шират и политичкото подземје и дигириганите медиуми, а истовремено извонредно игра различни улоги наменети за различни профили во публиката: на една страна, на македонските националисти и дијаспората им се прикажува како патриот со црвени линии во спорот со Грција. Од друга страна, на своите партиски послушници им се претставува како „антиалбански фајтер“. На меѓународните претставници и странските инвеститори им се претставува, пак, како борец за влез во ЕУ и антикомунист.
Останатиот дел од текстот објавен во белградско „Време“, прочитајте го на ЛИНКОТ