Олимписката шампионка од Лондон во скок во височина Ана Чичерова пред митингот од Дијамантската лига во Брисел најави напад на светскиот рекорд.
„Се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе има мшанса за скок на 210 сантиметри“, изјави Русинката, која минатата година во Брисел прескокна 205см, а тогаш и прв пат се обиде на 210.
Рекордот го држи Бугарката Стевка Костадинова од 1087 година со 209 сантиметри.