Албанската полиција објави синоќа дека разбила мрежа за трговија со луѓе кон САД. Уапсени се 15 луѓе.
Групата дејствувала во Тирана и Скадар од каде на луѓе им наплаќала по 20.000 долари по човек за да ги префрли во Мексико. Потоа за нив подготвувале фалсификат документи за да влезат во САД.
Над 50 луѓе биле внесени во САД на тој начин, соопштија властите во Тирана.
Апсењата се извршени по тесна соработка со американските власти. Албанците може да влегуваат во ЕУ без виза од 2010 година, но за САД им се потребни визи.