СДСМ: Лицемерно е Иванов да зборува за Устав и закони

Од:

„Тоа што му тежи на Ѓорге Иванов и од што е загрижен е веројатно неговата совест. Од сопствената совест Иванов не може да сокрие дека е избран со украдени гласови на недемократски избори.

Лицемерно е Ѓорге Иванов да зборува за Устав и закони кога дозволи да биде кандидат на власт, којашто секојдневно насилно ги крши Уставот и законите во Република Македонија.

На какви избори се избрани Иванов и неговиот ментор Груевски покажува извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во којшто ниту еднаш не стојат зборовите “фер“ и “демократски“.

Не, Ѓорге Иванов, вие не сте легален претседател на Република Македонија“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на изјавата на Ѓорге Иванов.

Прочитајте повеќе – Иванов: Бојкотот е потценување на демократската зрелост на избирачите 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено