Директорот на АЕК во посета на Јапонија

Од:

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски како потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) од денеска до петок ќе престојува во посета на Јапонија.

Посетата е финансирана и организирана во рамки на меѓународната соработка на BEREC со регулатори и индустријата за електронски комуникации од развиени држави во светот.

Најавено е присуство на експерти и директори на регулатори за комуникации од повеќе држави.

За време на неколкудневниот престој во Токио планирано е да бидат остварени средби со Министерството за внатрешни работи и комуникации на Јапонија со кои ќе се разговара за модерните начини за регулација на пазарите за електронски комуникации, за ситуацијата на пазарите за електронски комуникации и за последните технички и технолошки трендови. Покрај ова ќе бидат остварени средби и со претставници на Сони ериксон, Нисан Моторс, Софтбанк, Нипон телеграф и телефон корпорација и КДДИ корпорација со кои ќе се разговара за новите софистицирани производи и за нивните планови за развој и можности за инвестирање надвор од Јапонија.

Од Агенцијата за електронски комуникации оценуваат дека ваквите средби се значајни, особено во овој период кога се создава новата европска регулативна рамка во која активно учествува и Република Македонија. 

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК