Во Француското фудбалско првенство синоќа се одиграа натпреварите од претпоследното, 37. коло по кое Сент Етиен се вклучи во трката со Лил за третото место кое обезбедува учество во квалификациите од Лигата на шампионите.
Лил загуби на домашен терен од шампионот ПСЖ, а Сент Етиен го победи Нант и обезбеди Лига Европа, а во последното коло ќе се бори за излез во најсилниот евро-куп.
Последното коло ќе го даде и одговорот која екипа ќе испадне од Лига 1 покрај Ајачио и Валенсиен, кои одамна ги изгубија шансите за опстанок во најквалитетното друштво. Во директен дуел за опстанок во лигата ќе играат Сошо и Евиан.
Резултати постигнати во 37. коло од Лига 1: Ајачио – Ремс 2:1, Бордо – Марсеј 1:1, Евиан – Ница 2:0, Генгамп – Тулуз 2:0, Лил – ПСЖ 1:3, Лион – Лориен 0:1, Монпеље – Бастиа 0:2, Нант – Сент Етиен 1:3, Рен – Сошо 1:2 и Валенсиен – Монако 1:2.
Табела: ПСЖ 86 бодови, Монако 79, Лил 68, Сент Етиен 66, Олимпик Лион 58, Олимпик Марсеј 57,…