ВИДЕО: Лекарите стапуваат во штрајк на 24. септември

Од:

Независниот синдикат на Клиничкиот центар на Македонија денеска соопшти дека на 24. септември започнуваат со штрајк поради незадоволството од висината на платите и воведениот учинок со кој се казнети над 400 лекари.

Одлуката за штрајк лекарите ја имаа уште вчера, меѓутоа почекаа да видат дали ресорниот министер ќе излезе во пресрет на нивните барања, што не се случи по средбата што ја имаше синдикатот со министерот Никола Тодоров вчера попладне.

Зад одлуката за штрајк потпис имаат ставено околу 90% од лекарите и во периодот по 24. септември ќе се примаат само итни случаи.

Освен целиот Клинички центар, од 24. септември во штрајк стапува и болницата „Бардовци“, институтот за ТБЦ, здравствениот дом „Железничар“, но и многу лекари од внатрешноста на Македонија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!