Конституирано Парламентарното собрание на Процесот за соработка во ЈИЕ

Од:

Во зградата на романскиот Парламент во Букурешт денеска започна конститутивната седница на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што јави романската агенција Аџерпрес, главна тема на дводневното заседание е „Идната улога на Парламентараното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во европскиот контекст“.

Придвидено е седницата да заврши утре со усвојување на заедничка декларација.

Како гости на заседанието присуствуваат претставници на Европскиот парламент и на парламентарните собранија на Советот на Европа, на НАТО и на Организацијата за црноморска економска соработка.

Членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Ана Ололовска

ОБСЕ: Дури 70 отсто од жените во ЈИЕ биле жртви на насилство

ВИДЕО: Поголема соработка на земјите за поефикасно справување со безбедносните ризици

Ана Ололовска

Современи безбедносни предизвици во ЈИЕ

Ана Ололовска