Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа санкции за тројца лидери на Централноафриканската република, вклучувајќи го и поранешниот претседател Франсоа Бозизе.
Под санкции се и водачот на „антибалак“ милицијата Леви Јакете, како и вториот човек на милицијата Селека Нуредин Адам.
Санкциите подразбираат забрана за патување и замрзнување на нивните средства, а доаѓаат по предлог на САД и Франција.
За тројцата санкционирани се тврди дека учествувале во пружање поддршка на активностите за подривање на мирот, стабилноста и безбедноста во земјата.