На Дебарско Езеро почна едномесечната забрана на риболов на сите видови риба, освен на пастрмката.
Забраната која ќе трае до четврти јуни, а се воведува врз основа на законските одредби за заштита на рибниот фонд, поради природниот мрест на рибата.
– Во текот на забраната од страна на сите надлежни, вклучувајќи го и концесионерот на езерото зголемени се контролите со цел заштита на рибниот фонд, информираше Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, воедно и републички инспектор по рибарство.
Во овој едномесечен период е забрането и влегување во езерото со чамци.