Триесет и едногодишниот припадник на воздухопловните сили на Перу, Амасифуен Гамара, чиј што падобран не се отворил за време на вежба, преживеа пад од 1.500 метри височина, без да се здобие со повреди, пренесуваат агенциите.
-Вистинско чуд е што е жив. Беше Божја волја, да преживее- изјави лекарот од итната служба, Гиљермо Пачеко, пренесе „Франс прес“.
Според неговите зборови на водникот Гамара по падот му бил направен детален медицински преглед, по што е утврдено дека нема ниту една скршеница.
Лекарот објасни дека Гамара скокнал од воениот авион од висина од 1.500 метри, но кога сакал да го отвори падобранот, јажињата му се завиткале околу вратот, при што тој се онесвестил.
-Не знаеме што го ублажи неговиот пад, но остана жив. Тоа е вистинско чудо- вели Пачеко.
Е. Г.