Екипата на Пари Сен Жермен на две кола пред завршувањето на Француското фудбалско првенство ја одбранија шампионската титула.
И покрај синоќешниот пораз од Рен со 2:1, ПСЖ го освои насловот, бидејќи конкурентот Монако одигра само 1:1 со Генгамп.
На „Паркот на Принцовите“ во Париз, ПСЖ поведе преку Езекиел Лавеци во 3.минута. Изедначи Фуед Кадир во 23.минута, а победата за Рен ја донесе Пол-Џорџ Нтеп во 27.минута.
Табела по 36 одиграни кола во Лига 1: ПСЖ 83 бодови, Монако 76, Лил 68, Сент-Етиен 63, Олимпик Лион 58. Олимпик Марсеј 56,…
За ПСЖ ова е четврта шампионска титула во историјата наклубот, додека Монако ќе треба да се задоволи со пласманот во Лигата на шампионите следната сезона како второпласиран тим во Франција.