Американски научници создадоа полусинтетички организам со проширен состав на ДНК

Од:

Екипа на американски експерти од Истражувачкиот институт „Скрипс“, под раководството на Флојд Ромесберг,  по 15-годишна работа создаоа жив полусинтетички организам, способен самиот да се репродуцира и има ДНК со три базни двојки место вообичаените две, објави списанието „Нејчр“.

Генетската информација за секое живо суштество е впишана во неговата ДНК под форма на двојна верига од четири основни молекули т.н. бази или букви: аденин (А), тимин (Т), гуанин (G) и цитозин (C).

Оваа структура на двојна верига на ДНК е откриена пред 60 години од Џејмс Вотсон и Франсис Крик и базите се организирани во вериги од по две базни двојки А-Т и G-C.

Американските научници, меѓутоа, одлучиле да ја збогатат оваа структура со базни двојки што не постојат во природата. Резултатот на нивната работа  е жив полусинтетичен организам со ДНК со проширен состав.

Научниците, прво ја развиле новата базна двојка на темелот на две молекули, наречени d5SICSTP и dNaMPT.

Потоа, синтетизирале циркулирен фрагмент од ДНК, односно плазмид, што соддржи три базни двојки – двете природни и едната синтетичка. Научниците овој фрагмент го внеле во клетките на бактеријата Еscherihia coli. На нивно големо изненадување бактеријата многу правилно успеала да ја реплицира полусинтетичката ДНК. Но, научниците одлучиле да и помогнат уште повеќе, обезбедувајќи и „превозник“ – микроалги, кои вештачки ги внеле новите молекуларни блокови во клетките.

Според научниците, овој „превозник“ де факто е и лимит за неконтролираното создавање на нови форми на живот. Затоа „превозникот“ дејствуваал како прекинувач, бидејќи без него новите бази исчезнувале од геномот на клетката.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он