ФАО: Сушите во Јужна Америка ќе предизвикаат недостиг на храна во светот

Од:

Сушите и високите температури, предизвикани од климатските промени во Јужна Америка, која е главен производител на житни култури во светот, ќе влијаат врз безбедноста на резервите на храна на глобален план, апелира Организацијата за храна и земјоделство ма ОН (ФАО).

– Тука не станува збор за иднината, туку за сегашноста и последиците ќе бидат многу поголеми, отколку што мислиме, изјави Хозе Грасијано Да Силва, генерален директор на ФАО, која во главниот град на Чиле, Сантијаго, го одржува своето 33-то регионално заседание.

Тој посочи дека континуираните суши, како тие во јужниот дел на Бразил, се знак дека климатските промени дејствуват со голем интензитет.

– Несигурноста околу тоа што ќе се случи со доставките на храна поради ефектот на глобалното затоплување врз Латинска Америка, ќе ги направи пазарите нестабилни и ќе се одрази врз цените, а државите ќе бидат принудени да ги обезбедуваат внатрешните недостатоци, со тоа што ќе се вратат кон некои заостанати политики, како таа за создавање на резерви за вонредни ситуации, истакна генералниот директор на ФАО.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска