Милетиќ извиси, Саздовски станува пратеник

Од:

Пропадна надежта на екс лидерот на Српската напредна странка на Македонија, Драгиша Милњтиќ, дека ќе седне во пратеничките клупи, наместо носителот на пратеничката листа на ГРОМ во оваа единица, Чедомир Саздовски.

Милетиќ велеше дека според договорот кој го имал со претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, Саздовски по изборите требало да се повлече, и тој како втор на листата да влезе во Собрание.

Чедомир Саздовски денеска беше дел од оние пратеници кои заедно со ВМРО-ДПМНЕ лично ги примија уверенијата за пратеник од Државната изборна комисија.

По верификација на мандатите од собраниската комисија на конститутивната седница на новиот парламентарен состав, Саздовски и официјално станува народен избраник.

ГРОМ на изборите освои еден пратеник. Драгиша Милетиќ како пратеник во претходниот состав влезе на листата на опозицијата предводена од СДСМ.

Пред локалните избори се договори со Стевче Јакимовски и му го даде печатот за да може Јакимовски како кандидат на СНС да стане градоначалник на Карпош.

Би можело да ве интересира

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања