Тренерот на Монако Клаудио Раниери на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, тврди денешен „Л’Екип“.
На 62-годишниот италијански стручњак му преостануваат уште два натпревара на кормилото на Монако – вечерва против Генгам и на 17 мај против Бордо во последното коло од француската Лига 1.
Како што се наведува во францускиот весник, Раниери пред две недели се договори со сопствениците на клубот на 30 мај да заврши нивната соработка.
Италијанецот во својата богата тренерска кариера ги предводеше Каљари, Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Парма, Јувентус, Рома и Интер.