ФОТО: Славниот филозоф Рансиер го разгледува „Скопје 2014“

Од:

Пред вечерашното предавање (19 часот ЕУ Инфо центар) славниот француски филозоф Жак Рансиер, дел од времето го посвети на разгледување на проектот „Скопје 2014“.

Предавањето со наслов „Време, нарација, политика“ е во рамките на проектот на ИОХН-С „Школа за политика и критика“ поддржана од Фондацијата Роза Луксембург. Гостувањето на Рансиер е помогнато и одФранцускиот институт од Скопје (Institut Français de Skopje), ЕУ-Инфо Центарот и Едицијата „Југославија“, го организира Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

ransierSkopje2014

Жак Рансиер е роден 1940 година во Алжир. Во 1969 година Мишел Фуко го повикува на Одделот за филозофија, штотуку основан при експерименталниот Универзитет во Винсен каде што во наредните години ќе се соберат најважните имиња на француската филозофија од втората половина на дваесеттиот век: Делез Лиотар, Бадју и многу други. Во 1980 година универзитетот се сели во париското преградие Saint Denis и го променува своето име во Paris-VIII, Рансиер предава на истиот се до неговото пензионирање во средината на деведесетите.

На прашањето зошто Жак Рансиер денес е неизоставно име при промислувањето на политиката и уметноста и зошто неговата филозофија е инспиративна за безброј интелектуалци, уметници и активисти, одговорот ќе биде многу краток. Рансиер не нуди никакво разработено учење, „теорија“ или привилегирана филозофска вистина која би била ориентир на делувањето. Жак Рансиер ќе каже дека единствената претпоставка што ни овозможува да создадеме демократско општество е еднаквоста. Еднаквоста е радикална и не зависи од образованието или од општествената положба. Таа постои, таа е аксиома од која се поаѓа, никако она кон кое се стреми.

Најважни дела на Жак Рансиер:

Ноќ на пролетерите [1981], Филозофот и неговиот сиромав [1983], Неукиот учител [1987], Несогласност, Омраза на демократијата [2005. хрватско/српски превод 2008], Политика на книжевноста [2007], Еманципираниот гледач [2008], Аистесис [2011], Метод на еднаквоста [2012].

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски