Експерти разработиле сценарио за глобално веганство

Од:

Месната индустрија е меѓу производните гранки кои најмногу влијаат на климатските промени, таа е „виновна“ за околу 14,5 отсто од вкупните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Проблемот е тоа што конзумирањето месо е во пораст па како што светската популација се зголемува, според мислењето на експертите, последиците од „месојадците“ би можеле да бидат катастрофалани за климатските промени, загадувањето и на крајот на самата Земја.

Луѓето го сакаат месото – кога сиромашните ќе почнат да заработуваат повеќе пари, неизбежно ќе почнат да купуваат и да јадат повеќе месо, пишува Бусинеш Инсидер.

Обидите да се намали конзумирањето месо засега се многу мали, односно во прашање се осамени акциите како „безмесен понеделник“, „веган пред шест години“, „ин витро бургери“.

Што би се случило ако еден ден седум милијарди луѓе се разбудат и едноставно престанат да јадат месо?

Иако знаеме дека тоа нема да се случи, експертите од холандската  Агенција за заштита на околината предвиделе дека универзално веганство би ги намалило емисиите на јагленород за 17 отсто, на метан за 23, а водородните оксиди за 21 процент до 2050 година. Од друга страна, преку ноќ би исчезнале 1,3 милијарди работни места, затоа што толку луѓе се вработени во производството на месо, кое воедно има удел од 1,4 отсто во вкупниот светски БДП.

Друга последица од глобалното веганство би била ослободување на големи земјини површини. Сега, за пасење на стоката потребни се дури 26 отсто од земјините површини, не сметајќи ги оние кои се наоѓаат под лед, а со преминувањето на веганство луѓето на располагање би добиле уште 2,7 милијарди хектари, кои би можеле да ги населат.

Трета последица од универзалното веганство би била помала отпорност на бактериите на антибиотици. Имено, рутинската употреба на антибиотици во одгледувањето на животните, често непримерена и непотребна, многу влијание на луѓето кои го конзумираат нивното месо, зголемувајќи ја човечката отпорност на антибиотиците. Во САД годишно се разболуваат околу два милиони лица, кај кои антибиотиците целосно не делуваат.

Иако глобалното веганство во целост не би ги прекинало проблемите со глобалното затоплување, во секој случај би ја поправило сегашната ситуација, каде на Земјата и „Земјаните“ црно им се пишува.

Имено, до 2050 година светската популација ќе брои околу девет милијарди луѓе, а 25 проценти површина која сега ја зазема стоката добро би им дошло за населување. Освен тоа, пишува Бизнис инстајдер, иако универзалниот премин на растителна прехрана за многумина би звучело како најголем ноќен кошмар, особено на десничарите, доколу се продолжат сегашните трендови на зголемување на конзумрање месо, глобалното затоплување и се почестите временски неприлики ќе доведат до најголем ноќен кошмар на левичарите, односно светските немири при кои богатите ќе станат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска