Времен прекин на радио врската со американски патнички авион над Франција

Од:

Француски ловец „Рафал“ од военовоздухопловната база ВА-118, која се наоѓа во југозападна Франција во близина на Бискајскиот Залив, полетал вчера попладне, по добиената информација за прекини на радио врската со американски патнички авион.

Врската со авионот на „Јунајтед Ерлајнс“, кој летал од Рим за Вашингтон, била изгубена при неговото прелетување преку францускиот воздушен простор. Загриженоста станала поголема, откако авион почнал благо да отстапува од предвидениот курс.

Ловецот се кренал на 10.000 метри височина, по што ја пробил звучната бариера на околу сто километри од Бордо и го „стигнал“ цивилниот авион во реонот на Нант. По ова радио врската со цивилниот авион била обновена.

Во соопштение на француската Армија се додава дека воените пилоти им помогнале на своите американски колеги во „надминување на проблемот“, без да се посочи како и за каков проблем станува збор.

Авионот на „Јунајтед Ерлајнс“ по ова продолжил по својот курс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува