Фудбалерите на Генгамп по вторпат во својата клупска историја се победници на Купот на Франција откако синоќа на „Стад Д‘ Франс“ во Париз го победија Рен со 2:0.
Во своето трето финале Генгамп го повтори успехот од пред пет години кога триумфираше во ова натпреварување. Головите за победничката екипа ги постигнаа Мартинс Переире во 37.минута и Јатабаре во 46. минута.
Рен остана со два освоени пехара во Купот, а го играше своето шесто финале.
За освојувачот на Купот на Франција Генгамп, продолжува борбата за опстанок во Лига 1 бидејќи се наоѓа на 16.место на табелата.