Екипата на Наполи е победник на италијанскиот фудбалски куп откако во финалето на Олимпико во Рим ја совлада Фиорентина со 3-1.
Горан Пандев е претплатен за трофеи од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009, двата со Интер во 2010 и 2011, Пандев по втор пат го освојува Купот на Италија со екипата на Наполи.
Финалето на „Олимпико” во Рим кое доцнеше 45 минути заради навивачките нереди пред натпреварот.
Трите погодоци за Наполи беа постигнати од брзи контри. Два пати стрелаше Инсиње, а еднаш Мертенс. Голот за Фиорентина го постигна Варгас во 28-та минута.
Горан Пандев ги одигра последните 20 минути од средбата кога од клупата влезе на местото на Игуаин.