4 Мај: 34 години од смртта на Тито

Од:

На денешен ден пред 34 години почина долгогодишниот претседател на СФРЈ и лидер на југословенските комунисти Јосип Брос Тито, личност која одбележа еден историски период на балканските простори.

Тито почина на 4. Мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубјана. Четири дена подоцна, погребот на Тито го проследија 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот.

Тито го предводеше походот кој ја ослободи Југославија во текот на Втората светска војна во 1945 година и до тогаш до смртта беше на чело на државата. По неговата смрт, започнаа дезинтеграциските процеси кои доведоа до распад на СФРЈ.

Секоја година, на годишнината од неговата смрт, во „Куќата на цвеќето“ доаѓаат посетители од сите краеви на бивша СФРЈ да оддадат почит на неговите лик и дело.

Од 1980 година до ден-денес, „Куќата на цвеќето“ ја посетиле повеќе од 17 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска