Рајан Гигс го почувствува својот прв пораз како менаџер на Манчестер Јунајтед, откако „Црвените ѓаволи“ загубија со 1:0 пред своите гледачи од Сандерленд.
Себастијан Ларсон го постигна единствениот гол на „Олд трафорд“ и со новите три бода да си ги зголемат шансите за опстанок.
Триумфот на Сандерленд значеше и автоматско испаѓање од Премиер-лигата за екипите на Фулам и на Кардиф, кои попладнево беа поразени од Стоук, односно Њукасл губејќи ги сите шанси во битката за толку посакуваното 17. место кое значи опстанок во елитата.