Поранешниот светски шампиони на 100 и 200 метри, Тајсон Геј, доби едногодишна суспензија, откако беше позитивен на допинг тестот, објави Американската анти допинг агенција.
Исто така, Геј, ќе мора да го врати сребрениот медал кој го освои како член на американскиот тим на Летните олимписки игри во Лондон. На Геј ќе му бидат избришани и сите резултати кои ги постигна од 15. јули минатата година.
„Практично јас му верував на некого и таа личност ме изневери“, рекол Геј.
Геј можел да добие и двегодишна суспензија, но казната му била намалена бидејќи активно помагал во истрагата.
Геј на атлетските патеки ќе се врати во јуни оваа година.