Али Ахмети и ДУИ продолжуваат со стариот начин на измами, но нивните ветувања се многу плитки да ги измамат Албанците дека од нив зависат политичките процеси, изјави Беким Фазлиу од ДПА на денешната прес-конференција во партиското седиште во Тетово.
– Овој господин треба да прифати една вистина дека ДУИ нема никакви политички разговори со ВМРО-ДПМНЕ, но оти има нешто друго, има наклонетост, улижување со однесување како на потчинети слуги, колнејќи се пред Груевски дека ДУИ не гласале за Пендаровски, туку за Иванов, иако фактите зборуваат поинаку. Зашеметеноста на Ахмети и ДУИ пред Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја изразува ниваната голема паника дека може да останат надвор од владата. Оваа нивна паника доаѓа како резултат на нивната вмешаност во криминал и корупција за време на нивното владеење, додавајќи ги овде и криминалните активности за време на последните избори изјави Фазлиу.
Според него, големата вистина ја потопила ДУИ а потопувањето за нив доаѓа и од Вашингтон, Брисел, Тирана и од Приштина.