Интерпол распиша потерница по четворица албански џихадисти

Од:

Со меѓунардна потерница, која ја распиша по барање на Обвинтелството за тешки кривични дела, Интерпол Тирана бара четворица албански џихадисти, за кои постојат основани сомненија дека се во Сирија.

Меѓународна потерница е распишана по Алмир Даци, Шкелзен Думани, Мехди Маналари и Шиќири Каца под обвинеие за потикнување и организирање на мрежата за регрутирање на муслимански верници во Албанија и нивно испраќање во Сирија, јави дописникот на МИА.

Претходно албанската полиција уапси деветмина меѓу нив и самопрогласените имами на џамијата „Нов прстен“ во Тирана и селската џамија во Мезез(во близина на Тирана), Генци Бала и Бујар Хиса, кои се главните организатори на регрутирањето и испраќањето албански граѓани на боиштата во Сирија. Сите деветмина се во притвор.

Во Сирија, официјално се борат и тоа на страната на силамските радикални групи најмалку 90 албански државјани, но бројката се смета дека е двапати поголема. Потврдено е дека на боиштата во оваа блискоисточна земја животите ги имаат изгубено девет албански државјани иако и за оваа бројка се врува дека е поголема.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент