СДСМ: Груевски нема никакво право да се изедначува со народот

Од:

„Никола Груевски нема никакво право да се изедначува со народот. Тој на претседателските и на парламентарните избори изнесе на гласање граѓани со употреба сила, притисоци, закани и уцени што е регистрирано од целата меѓународна заедница, ОБСЕ/ОДИХР, ЕУ, САД.

Груевски добро знае дека и судството е под негова целосна контрола, а тој конструира случаи кадешто не постојат, што е исто така регистрирано од повеќе релевантни меѓународни организации.

Никола Груевски, разбирливо, е нервозен за поткупот во кој е фатен што е кривично дело. И треба да биде нервозен, зашто никој не избегал од правдата и вистината.

СДСМ работи и ќе продолжи да работи исклучиво за интересите на граѓаните и Република Македонија“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања