Албанија и Косово ќе имаат заеднички царински терминали

Од:

По формирањето на заедничка Трговска комора, Албанија и Косово ќе имаат и заеднички Царински систем на контрола, за што веќе се почнати потребните активности.

Како што пренесува албанскиот печат, ова е резултат на недоамнешната средба во Тирана меѓу генералните директори на Царинските управи на двете земји, Ериса Спиролари и Љуљзим Рафана, кога било договорено создавање заеднички царински терминал.

Печатот наведува дека на средбата присуствувал и албанскиот премиер Еди Рама, кој смета дека на овој начин ќе се постигне поефинаска и поекономична активност.

Заедничките царински контроли ќе бидат поекономични, поефикасни во откривањето на незаконските активности, но, исто така, и царинењето ќе се врши многу побрзо.

-Со години наназад меѓу Албанија и Косово има високо крената бариера што ја попречува активноста, изјави Рама, нагласувајќи дека борбата со државната бирократија и корупцијата се заеднички во двете земји.

За директорката на албанската царина Спиропали со оваа активност има гаранции дека работата се ќе се одвива многу поефикасно бидејќи терминалите ќе бидат заеднички.

Нејзиниот косовски колега, Рафана оцени дека сега многу побрзо ќе се пренесуваат стоките од двете страни на границата, а ефикасноста во контролата ќе биде многу поголема.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент