Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и Тијаго Мота денеска се номинирани за најдобар играч во француската Лига 1.
Освен овие тројца, во конкуренција за наградата е и членот на Монако, Џејмс Родригез.
За најдобар млад фудбалер во францускиот фудбалски шампионат номинирани се Лавин Курзава (Монако), Марко Верати (ПСЖ) и Серж Орије (Тулуз).
Името на победникот ќе биде соопштено на 11 мај.
Минатата година признанието отиде кај Ибрахимовиќ, а оваа година шведскиот репрезентативец настапувајќи во Француското првенство во дресот на ПСЖ има постигнато 25 голови и е најдобар стрелец во шампионатот.