Албанската полиција заплени арсенал оружје наменет за Косово

Од:

Албанската полиција кај северниот град Хас заплени арсенал оружје и уапaси две лица, во чија куќа е пронајдено оружјето, што било планирале да се прошверцува за Косово.

-Во рамки на акцијата „Стариот пат на минување“ уапсени се Абди Леши (51) и Риза Леши(47), жители на селото Кишај, во општина Хас.

Во добро организираната акција запленет е арсенал оружје и муниција, што требало да се прошверцува за Косово, се наведува во соопштението на регионалниот полициски комесаријат од Кукс.

Според полицијата, запленети се три автомати, лесен митралез, два пиштола, пет автоматски и четири ловечки пушки, 8.894 куршуми од различен калибар, 40 рачни бомби, осум антитенковски гранати, четири противпешадински мини, 21 подготвна каписла за телефон, еден детектор за окривање мини, како и десетици детонатори за гранати и шаржери за автоматите.

Истрагата ќе биде проширена и во Косово.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент