Бугарски медиуми: Прво заедничко бугарско-македонско чествување на светите Кирил и Методиј

Од:

Македонија и Бугарија за првпат заедно ќе го одбележат делото на солунските браќа, светите Кирил и Методиј, јавуваат бугарските медиуми.

Според нивните информации, во Софија на 11 мај ќе пристигне македонска делагација предводена од поглаварот на МПЦ и од претседателот на МАНУ.

Поканата за заедничко чествување во Бугарија ја испратил претседателот на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров.

Сенка на настанот ќе фрли тоа што македонскиот поглавар поради нерешениот канонски статус на МПЦ нема да сослужува на литургијата со која во храмот Св. Александар Невски ќе чиноначалствува бугарскиот патријарх Неофит, туку само ќе присуствува.

„Немаме канонска заедница со МПЦ“, објавија од прес-службата на Синодот на БПЦ. Наспроти децидниот став на БПЦ, нејзини клирици претходно имаат сослужувано со колеги од МПЦ.

По литургијата, како што јавуваат бугарските медиуми, ќе се оддржи свечена академија.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска