Во судар на два трамваја денеска во Брисел, 16 лица се здобија со полесни повреди, од кои 15 биле веднаш префрлени во болница, јавија локалните медиуми.
Според податоци на спасувачките служби, сударот бил страничен и доста силен, а возилата имаат сериозни оштетувања.
Трамваите се движеле во тунел, каде се испреплетуваат различните коловози, во реонот на најголемата железничка станица во градот. Катастрофата предизвикала проблеми во движењето на неколку трамвајски линии, а за патниците се обезбедени дополнителни возови, што ги поврзуваат трите главни станици во Брисел.
Засега не се посочуваат причините за сударот.