Дарко Ангелов и Бобан Васиќ победници на Државното првенство на бармени

Од:

Дарко Ангелов со коктел Red Passion во класична подготовка и Бобан Васиќ со коктелот Vanilla Barry во категоријата флертендинг се победници на 7. Државно првенство на бармени, што вчера се одржа во Скопје.

Првопласираните со нови рецепти, ќе го претставуваат Здружението на бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending во Кејптаун – ЈАР од 29 септември до 4 октомври 2014.

Второто, односно третото место во класична подготовка на коктели го добија Александар Цветковски со коктелот Бомбонче и Коста Јовановски со коктел Forbidden Lollypop, а во категорија флертендинг Александар Бошев со коктелот Purple Eldertini и Дарко Ангелов со коктел Mango Flower.

На натпреварот учествуваа 30 бармени, а се оценувало според брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел, работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување вкус позади сцена). Дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2014. Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.

Финалистите беа поделени во четири групи по тројца натпреварувачи на сцена. Измеѓу секоја натпреварувачка група се претставија и бармените во категоријата Флертендинг (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема), каде од стручното жири се оценуваше брзина, техника на мешање пијалаци и изведба на сцена.

Би можело да ве интересира

Зголемени цените на угостителските услуги

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска