Села: Тачи треба да поднесе оставка пред Конгресот на ДПА

Од:

Конгресот на Демократската партија на Албанците (ДПА) е највисокиот орган каде Мендух Тачи треба да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Струга Зијадин Села.

Според него, лидерот на партијата треба да поднесе оставка заради, како што рече, резултатите што ги постигна партијата на претседателските и предвремените парламентарни избори.

– Тоа е правец кој го укажува народот, не само во овој изборен циклус, туку и во претходните неколку избори. Надежта дека еден ден ќе се сменат работите и ние ќе успееме да победиме, веќе не постои. Се гледа дека овој народ гласа само против Тачи, истакна Села.

Тој нагласи дека Мендух Тачи не ги почитувал одлуките на највисоките партиски органи, пред кои, како што додаде, треба да даде и отчет за она што го работи.

– Со која смелост без да ги праша органите на партијата, Тачи донесе одлука да гласа за претседател на државата. Ние заедно, во органите на партијата договоривме дека ќе гласаме само за претседател Албанец. Во Конгресот треба да се дебатира дали ДПА треба да учествува или не во Владата што ја крои ВМРО-ДПМНЕ. ДПА е на политичката сцена веќе 20 години и затоа овие важни одлуки кои удираат по темелите на партијата треба да ги носи Конгресот составен од делегати од сите населени места во кои ДПА има разграноци, рече на денешната прес-конференција струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он