Писмо кое што еден патник од „Титаник“ го напишал само неколку часа, пред да се случи најголемата бродска трагедија, е продадено на аукција во Англија за 119.000 фунти.
Автор на тоа писмо е Естер Харт, жена која ја преживеала трагедијата, како патник во втората класа, заедно со седумгодишната ќерка Ева.
Таа писмото го напишала само неколку часа пред да се случи несреќата на 14 април 1912 година, во која животот го загубиле 1.500 патници , меѓу кои и нејзиниот сопруг Бенџамин Харт.
Сопственикот на акционерската куќа, Ендри Олдриџ оцени дека таа порака е скапоцен камен во круната наречена „Титаник“. Тој соопшти дека писмото го купил анонимен акционер, кој телефонски лицитирал.
Писмото останало во џебот од костумот на нејзиниот сопруг Бенџамин, бидејќи му го дала додека неа и нивната ќерка ги ставал во чамецот за спасување.
Инаку писмото е напишано на специјална хартија, со ознака „На палубата на РМС Титаник“, а на аукцијата ќе биде изнесено заедно со пликот, кој што е означен со знаме со бел звезда, симболот на компанијата „Уајтстар“, која што го поседувал бродот.
Харт во писмото пишува за својата здравствена состојба. Ова е целата содржина на писмото:
„Мили мои. Како што гледате, неделно попладне е и се одмораме во библиотеката по лесниот ручек. Вчера цел ден не ми беше добро, така што не можев да јадам, ниту да пијам и цело време ми беше мака, но денес ми е подобро.“
Потоа таа пишува како со ќерка и биле на неделна богослужба во бродската црква и го опишува дотогашното патување.
„Иако велат дека овој брод не е убав, поради неговата големина, мене доволно ме воодушеви и никогаш нема да го заборавам. Времето е многу убаво, но доста студено и ветровито. Велат дека во вторник вечер би можеле да пристигнеме во Њујорк, но всушност треба да бидеме таму во среда рано наутро, така што ќе ви пишам кога бидеме таму.“
Писмото требало да биде испорачано на мајката на госпоѓа Харт во Есекс, но поради несреќата никогаш не е испратено.
Харт и нејзината ќерка која во 1996 година, почина како една од најпознатите преживеани од „Титаник“ биле меѓу оние кои ја имале среќата да се спасат со бродот „Карпатија“.
Е. Г.