Десет изговори за кражба на фотографии од интернет

Од:

Никакви изговори нема да помогнат на суд, ни на медиумите ни на граѓаните поединци, ако лесно симнуваат фотографии од интернет.

Поротата одлучи и нареди агенциите AFP (Agency France Presse) и Getty images (фотоагенции) на слободниот фотограф Даниел Морел да платат вкупно 1,2 милиони долари за фотографии кои ги симнале од Твитер. Вистина, агенциите можат да се жалат на пресудата, но сеедно таа може да стане преседан на кој многумина ќе се повикуваат во идни случаи на неовластено симнување на фотографии од интернет.

Даниел Морел снимал на Хаитите по земјотресот во 2010 година и ги објавил фотографиите на својот Твитер профил. Неколку часа подоцна тие фотографии ги презеле AFP и Getty images без одобрение на Морел, а тој тогаш тужел поради злоупотреба на авторските права. На суд адвокатите на АФП се бореле тврдејќи дека фотографиите кои веќе биле објавени на Твитер, всушност се комерцијално употребени, но Њујоршкиот Окружен суд застанал на страна на Морел.

Од тогаш Твитер објавува дека корисниците ги задржуваат ексклузивните права над сите фотографии објавени на нивните страници.

Тешко е да се замисли колку дневно фотографии се симнуваат од разни интернетски страници и повторно се објавуваат, најчесто на интернет, без наведување на изворот и без дозвола.

Францис Вакон, фоторепортер во Квебек Сити, наброи десет лажни изговори со кои луѓето, а и медиумските компании ги користат кога крадат фотографии од интернет:

1. Не беше означено авторското право. – Не мора ни да биде, тоа се подразбира.

2. Фотографијата на интернет, значи слободно се користи. – Не е точно, бидејќи зависно од земјата на потеклото, авторското право покрива од 50 до 70 години и по смртта на авторот на фотографијата, а дури потоа станува јавно добро.

3. Најдов фотографија на Гугл, значи слободно може да се користи. – Гугл не е фото агенција и не е сопственик на ниедна фотографија, служи само за пребарување.

4. Фотографијата е на Фејсбук, а се на Фејсбук е јавно подрачје. – Внимавајте, условите на користење велат: Вие сте сопственик на содржините и информациите кои ги објавувате на Фејсбук.

5. Но со објавената фотографија нема да заработам, ми треба само за мојот блог, мојот Фејсбук. – Заработка или не, тоа е кршење на авторските права.

6. Имаше назнака (лого, име, емаил адреса или воден жиг), но со тоа авторот и така се рекламира. – Не, едноставно не.

7. Фотографијата не е доволно добра за да биде заштитена со авторско право. – Фотографија на бела хартија на бела маса и на снег, снимена со АјФон, еднакво е заштитена како и портрет кој го снимила Ени Лебовиц.

8. Јас сум на фотографијата, па затоа ја користам. – Се чини логичен одговор, но не е, бидејќи фотографот има авторско право.

9. Го потпишав снимателот. Тоа му е добра реклама. – Само сопственикот на авторското право може да одлучи како ќе се користи фотографијата.

10. Милиони луѓе тоа веќе го направиле, па и јас. – Тоа е точно, но кој некогаш пропишал колку луѓе мора да направат нешто против законски па потоа да почне да се делува законски.

Но овие ни други изговори, на медиумите и на граѓаните поединечној, наскоро нема да поминат на ниту еден суд, ако така лесно се позајмуваат фотографии од интернет. Преседанот од почетокот на овој текст станува правило.

– Побарав дозвола од Френсис Ваконе неговите 10 изговори да ги објавам во Вечерњи лист, а тој веднаш ми одговори дека нема да има проблем ако го наведам изворот.

Вечерњи лист – Загреб

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски