Нерешено 0:0 и по еден освоен бод за Хановер и Штутгарт по нивниот синоќешен дуел со кој беше отворено 32. коло во Германското фудбалско првенство.
Со овој исход задоволни се двете екипи, бидејќи домаќинот Хановер речиси и да го обезбеди опстанокот, додека бодот за гостите од Штутгарт може да има голема вредност, доколку директниот конкурент за опстанок Хамбург не победи на гостувањето кај Аугсбург.
Шест натпревари од овој круг во Бундес лигата ќе се одиграат денеска: Баерн Минхен – Вердер, Волфсбург – Фрајбург, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт, Мајнц – Нирнберг, Херта – Ајнтрахт Брауншвај и Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд.
Утре колото ќе го комплетираат Аугсбург – Хамбургер и Шалке – Борусија Менхенгладбах.
Табела: Баерн Минхен 81 бод, Борусија Дортмунд 64, Шалке 58, Баер Леверкузен 54, Волфсбург 53,…